Британскиот премиер Гордон Браун се очекува во денешното обраќање во Парламентот да обелодени дека Британија ќе испрати дополнителни 500 војници во Авганистан. Британскиот контингент во таа земја со 9 илјади војници е втор по големина по американскиот. Во британската јавност расте незадоволството од британското ангажирање во Авганистан каде што досега загинале над 220 британски војници.