Расте бројот на милијардери во Кина

Во Кина продолжува да расте бројот на милијардери и покрај светската економска криза. Во Кина моментално има 130 милјардери, за разлика од лани кога нивниот број изнесуваше 101. Поголем број милијардери од Кина има само во Соединетите ДРжави, 359, додека во Русија има 32. Најбогатиот човек во Кина е Ванг Чуанфу, производител на елсктрични автомобили и акумулатори, чиј имот се проценува на над 5 милијарди долари.