Апел за обновување на преговорите со Северна Кореа

Кина, Јапонија и Јужна Кореа денеска повикаа на итно обновување на мултилатералните преговори за решавање на проблемот со нуклеарното вооружување на Северна Кореа. Во соопштението по состанокот во Пекинг меѓу претседателите на трите земји се додава дека тие остануваат привзани на дијалогот и на мирното решавање на проблемот. Северна Кореа во април годинава, откако Обединетите нации донесоа одлука за воведување санкции, ги напушти преговорите со Јапонија, Јужна Кореа, Кина, Русија и Соединетите држави.