3 години од убиството на Политковскаја

Колегите и блиските на убиената руска новинарка Ана Политковскаја денеска во Москва ќе одржат демонстрации. Таа беше убиена на 7-ми октомври пред три години. На протестите ќе се придружат и некои опозициони политичари, меѓу кои и поранешниот премиер Михаил Касјанов. Досегашната истрага сеуште не утврди кој беше нарачател на убиството на Политковскаја, која пишуваше за кршењето на човековите права во Чеченија и беше остар критичар на Владимир Путин.