Обама и советниците ќе расправаат за Пакистан и Авганистан

Американскиот претседател Барак Обама денеска ќе се сретне со своите советници за национална безбедност, со кои ќе разговара за нивната стратегија во Авганистан и Пакистан. Истовремено и министерот за надворешни работи на Пакистан шах Махмуд Куреши е во посета на Вашингтон, за да ги повика САД да направат подолгорочна стратегија за стабилност и економски развој на неговата земја, на соседот Авганистан, како и на целиот регион.