Преговорите меѓу Азербејџан и Ерменија во завршна фаза

Претседателот на Азербејџан , Илхам Алиев, изјави дека преговорите меѓу неговата земја и Ерменија , за спорниот регион Нагорно –Карабах ,се во завршна фаза.. Посредници во преговарачкиот процес се претставници од Франција, Русија и Соединетите Држави .Тие изразија надеж дека на следниот состанок , кој треба да се одржи на 8 Октомври, претседателите на Азербејџан и на Ерменија ќе превземат значаен чекор за надминување на спорот.