Изгоре стариот палат на „Св. Јован Бигорски“

Во пожар што избувнал рано изутрината во 4 часот и 30 минути до темел изгоре стариот палат на манастирот „Св. Јован Бигорски“. Целосно се опожарени конаците, трпезаријата и библиотеката. Нема повредени. Монасите успеале да ги спасат од огнената стихија поважните предмети кои биле во опожарените објекти. Во манастирот се испратени пет противпожарни возила од Гостивар, Кичево и Дебар и еден хеликоптер. Пожарот е локализиран. Засега нема сознанија за причината за пожарот.