Руско-белоруска воена вежба во Калининград

Армиите на Русија и на Белорусија одржаа дводневна заедничка воена вежба во база во реонот на Калининград, близу до границата со Европската унија, соопштуваат Минск и Москва. На вежбата учествувале околу 12,5 илјади луѓе.
Рускиот претседател Дмитриј Медведев вели дека вежбата имала строго одбранбен карактер.