Светските лидери ја честитаат победата на Меркел

Светските лидери ја поздравија победата на канцеларката Ангела Меркел на вчерашните парламентарни избори во Германија.
Американскиот претседател Барак Обама изјави дека се надева дека ќе продолжи добрата соработка со Германија. Францускиот претседател Никола Саркози вели дека победата е резултат на довербата што Меркел ја доби во изминативе четири години. Италијанскиот премиер Силвио Берлускони, пак, ја нагласи заедничката визија за силна Европа.
Христијанско-демократска унија на Меркел освои околу 34 отсто, наспроти 23 отсто од гласовите што ги освои противничката Социјалдемократска партија.