Расте бројот на жртви од нападите во Пакистан

Бројот на жртвите од два самоубиствени напади со автомобил-бомби во северозападен Пакистан се зголеми на 27. Околу 150 луѓе се повредени во вчерашните напади врз полициска станица во градот Бану во близина на областа Северен Вазиристан и врз трговска област во градот Пешавар.
Талибанците ја презедоа одговорноста за двата напади.