Обама ја сфаќа замореноста на американците од војната во Авганистан

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека ги разбира американците кои се заморени од војната во Авганситан и оти испитува дали Соединетите држави водат вистинска стратегија во таа земја. Обама не прецизира дали планира да испрати дополнителен број војници како што тоа го бараат командантите во Авганистан.