Г-20 ке го осуди Иран за новата нуклеарна постројка

Иран ги информираше ОН за изградба и на втора постројка за збогатување ураниум во земјата. Портпаролот на Меѓународната Аганција за Атомска Енергија Марк Видрикаире изјави дека на 21 Септември Агенцијата била информирана дека производството на нуклеарното гориво е наменето за производство на струја. Меѓународната Агенција побарала итен пристап до новите капацитети. Иран е под три пакета санкции затоа што одбива да го напушти процесот за збогатување ураниум кој се користи и како нуклеарно гориво за атомски бомби. Се очекува на самитот на Г – 20 во Питсбург, Иран да биде осуден за изградба на тајни постројки.
Досега беше познато дека Иран има само една постројка за збогатување ураниум.