Западните сили се за поголем притисок врз Иран

Светските сили на претстојните преговори со Иран очекуваат сериозни одговори околу нуклеарната програма на таа земја. Шефовите на дипломатиите на петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, плус Германија одржаа состанок во Њујорк посветен на преговорите што на први октомври би требало да се одржат во Турција. Претседателите на Соединетите држави и на Русија Барак Обама и Дмитри Медведев на нивната средба на маргините на Генералното собрание се согласија да продолжи притисокот врз Иран со можни натамошни санкции.