Во Атина, откриено терористичко засолниште

Грчката полиција открила скривалиште на терористичка организација и привела четири лица во атинскиот кварт Халандри, соопшти грчкото радио. Во станот, што бил набљудуван во последните денови, биле најдени експлозиви, брошури и соопштенија.
Упадот во домот бил направен по вчерашната експлозија во една зграда во елитниот кварт Колонаки, во која се наоѓаат апартманите на двајца грчки политичари.