Уапсени терористи кои регрутирале бомбаши- самоубијци

Безбедносните сили во Мароко уапсија 24 терористи, кои биле специјализирани за пронаоѓање регрути за самоубиствени напади во Ирак, Сомалија и Авганистан, соопшти нивното МВР. Уапсените планирале и терористички напад во Мароко, каде што ќе се сретнеле со оперативците на Ал Каеда, кои ќе ги научеле како да ракуваат со експлозив.