ЕУ отворена за соработка за решавање на глобалните проблеми

Премиерот на Шведска Фредрик Рајнфелт изјави на самитот на ОН во Њујорк дека во име на ЕУ ја пренесува пораката оти таа е отворена за соработка и порача дека глобализацијата е виновна што стотина милиони луѓе не можат да излезат од сиромаштија. Тој изјави дека проблемите како организираниот криминал, тероризмот, гладот, пандемијата, како и трговијата со луѓе и дрога веќе не се проблеми на некои држави, тука на целиот свет. Рајнфелт додаде и дека ОН мора да имаат легимитет, кој ќе овозможи меѓународни активности во борбата со тешкотиите со кои се соочува.