Јапонија и Русија договорија соработка за територијалниот спор

Новиот премиер на Јапонија Јукио Хатојама и претседателот на Русија Дмитри Медведев на самитот во Њујорк се договорија да започнат соработка за решавање на територијалниот спор меѓу нивните земји, кој трае со децении. Русија е готова да разговара со Јапонија за сите прашања и најчувствителни теми, изјави Медведев. Двајцата додадоа дека доколку се реши проблемот со суверенитетот на Курилските острови, тоа ќе ги зајакне и економските односи меѓу двете земји.