Гадафи: Изневерени се принципите на ОН

Либискиот претседател Моамер Гадафи, во неговото прво обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации, ги обвини петте постојани членки на Советот за безбедност за предавство на принципите на светската организација.
Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Франција, Русија и Кина се постојани членки на Советот за безбедност и имаат право на вето. Гадафи, кој моментно претседава со Африканската унија, вели дека тоа е спротивно со карактерот на Обединетите нации.
Тој вели дека фактот што избувнаа многу војни од основањето на ОН покажува дека се изневерени основните принципи на организацијата.