Разбиен синџир за шверц на луѓе во Западна Европа

Полските власти соопштуваат дека граничните власти на Полска, Германија и Австрија разбија синџир на шверц со луѓе. Групата е осомничена за внесување на околу 500 мигранти, најмногу Чеченци, во Западна Европа. Двајца руски државјани со чеченско потекло се осомничени дека се главни организатори на шверцот со луѓе.