Загинаа 16 работници во Кина

Најмалку 16 луѓе загинаа, а 14 се повредени во сообраќајна несреќа во југоисточна Кина, соопштува полицијата. До несреќата дошло кога камион удрил во возило за одржување на патиштата. Сите жртви се работници што го поправале патот.