Пентагон: Се прилагодуваме поради подобра заштита

Пентагон соопштува дека прави големи прилагодувања на планираниот против-ракетен систем во Европа.
Оваа забелешка од Пентагон доаѓа откако чешкиот премиер Јан Фишер на вонредна прес конференција денеска во Прага изјави дека американскиот претседател Барак Обама го информирал дека САД се откажуваат од намерата да изградат антиракетен радарски систем на територијата на Чешка.
Портпаролот на Пентагон Џеф Морел вели дека планот е променет поради подобра заштита од евентуални ирански ракетни напади на американските и сојузнички сили во Европа.
Русија се противеше на предлогот за поставување радар во Чешка и ракетни пресретнувачи во Полска.