Прогноза за времето денеска- променливо со дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо со повремени врнежи од дожд и со грмежи. Се очекува наместа за 24 часа да наврнат повеќе од 20 литри на квадратен метар особено во западните делови. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец кој повремено ќе се засилува. Утринската температура се движи од 10 до 16, а дневната ќе биде од 18 до 24 степени. Во скопското подрачје ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој околу пладне повремено ќе се засилува. Утринската температура се спушти до 15, дневната ќе се искачи до 21 степен.