Молдавија ги укинува визите за Романија

Молдавија ги укинува визите за граѓаните на соседна Романија, соопштува претседателот на молдавскиот парламент Михаи Гимпу. Тој ја врши и дожноста претседател на земјата, откако доскорешниот претседател, комунистот Владимир Воронин, минатата недела се повлече од функцијата, по политичката криза која ја зафати земјата.
Во изјава за Радио Франс Интернационал, Гимпу вели дека владата на Воронин не постапила законски кога, по завршувањето на постизборните насилства во април, одлучи да воведе визи за Романците. Тој вели дека таа одлука ја прекршила одлуката за укинување на визите за граѓаните на ЕУ.