Сомалиските бунтовници најавуваат одмазда

Сомалиската бунтовничка група Ал Шабаб се заканува дека ќе се одмазди за американскиот напад во кој загина еден од најбараните осомничени припадници на Ал Каеда во Африка, Салех Али Салех Набан.
Соединетите Американски Држави го бараа Кениецот Набан за напад на хотел во 2002 година и за организирање на неуспешниот напад на израелски авион во Момбаса.
Набан беше убиен во хелихоптерски напад на американските командоси.