Најавено ослободување на „новинарот со чевлите“

Ирачкиот новинар Мунтадар Ал Заиди, кој ги фрли своите чевли кон американскиот претседател Џорџ Буш денеска би требало да биде пуштен од затвор. Триесетгодишниот новинар првобитно беше осуден на затворска казна во времетраење од три години, но казната беше намалена на една година по поднесените жалби. Ал Заиди требаше да биде ослободен вчера, но тоа беше одложено за подоцна.