Почина Патрик Свејзи

Американскиот актер Патрик Свејзи почина на 57- годишна возраст по борбата со ракот. Холивудскиот актер познат по своите улоги во филмовите „Дух“ и „Dirty Dancing“ и во серијата „Север Југ“, почина од компликации предизвикани од рак на панкреасот. Болеста на Свејзи беше дијагностицирана во 2008-та година.