Обама на Вол Стрит

Американскиот претседател Барак Обама денеска на Вол Стрит ќе зборува за закрепнувањето на економијата од светската криза што коинцидира со годишнината од колапсот на Леман Брадерс на што се гледаше како на почеток на кризата. Се очекува тој да ја одбрани и политиката на трошење на администрацијата и дека со стимулацијата на домашната економија се избегнала поголема криза. Тој ќе приуствува и на глобалната координација за тоа како да се спречи во иднина ваква криза.