Обама со потполна одговорност за здравствените реформи

Американскиот претседател Барак Обама, денеска во Вашингтон, изјави дека ќе сноси целосна огдговорност за секој проблем што ќе се појави кога ќе биде усвоен неговиот план за реформа на здравствениот систем.
Обама посочи дека речиси половина од Американците, во некој момент во изминатите 10 години, биле без здравствено осигурување и предупреди дека таа ситуација ќе се влоши, ако Конгресот не го усвои неговиот план за реформа на здравството.