Израел вложи протест до ОН за ракетите од Либан

Израел денеска соопшти дека вложил протест до Обединетите Нации откако вчера од јужен Либан беа истрелани две ракети на негова територија. Истовремено, Израел се закани дека жестоко ќе одговори доколку инцидентот се повтори и побара од владата на Либан да превземе мерки. Посматрачи на Обединетите Нации се распоредени на границата меѓу Либан и Израел и јавуваат дека денеска таму е мирно.