Од Ирак според планот

Американскиот амбасадор во Ирак изјави дека американските војници ке се повлечат според распоредот од Ирак почнувајки од следниот месец. Кристофер Хил пред Конгресната комисија за надворешни работи изјави дека следните 12 месеци ке бидат од клучна важност за безбедноста, дипломатските односи и политичкиот прогрес. Хил е охрабрен што неодамнешните бомбашки напади во кои загинаа речиси 100 луѓе не го вратија Ирак назад во граѓанска војна.