5 деца настрадаа во стампедо во Њу Делхи


Најмалку 5 девојчиња настрадале, а 30-тина биле повредени при стампедото што настанало во едно училиште во главниот град на Индија, Њу Делхи. До инцидентот дошло откако на учениците им била наредена евакуација поради проблеми со струјата, при што настанала паника.