Дворовите по едно евро за квадратен метар

Македонските граѓани од денеска ќе можат да го откупуваат дворното земјиште на индивидуалните куќи и станбените згради по само едно евро или 61 денар за квадратен метар, соопштува премиерот Никола Груевски.
По едно евро, како што информира Груевски, ќе се продава и земјиштето наменето за спортски објекти, за инфраструктурни објекти и за објекти за јавни институции.