Иран не соработува со Агенцијата за Атомска Енергија, оценува Барадеи

Меѓународната Агенција за Атомска Енергија денеска во Виена го започнува есенското заседание, на кое ќе биде разгледан проблемот со иранската нуклеарна програма. Во извештајот на генералниот директор Мухамед Ел Барадеи се вели дека Иран не соработува со Агенцијата за расчистување на дилемите во врска со воената димензија на нуклеарните активности на Иран. Соединетите Држави, Франција, Германија и Велика Британија му се заканија на Иран со нови санкции доколку продолжи со збогатувањето ураниум.