САД и Русија ги продолжуваат преговорите за СТАРТ

Претставници на Соединетите Држави и на Русија на 21-ви овој месец во Женева ќе ги продолжат преговорите за обновување на договорот за намалување на нуклеарниот арсенал. Овој договор истекува во декември годинава, а Вашингтон и Москва работат врз условите за негово продолжување.