Иранскиот парламент го одложи гласањето за новата влада

Иранскиот парламент го одложи за утре, гласањето за новиот кабинет на претседателот Махмуд Ахмадинеџад. Парламентот денеска требаше да гласа за предложените министри. Опозицијата, но и дел од партијата на Ахмадинеџад се сомнева во квалитетите на некои од предложените кандидати.
Пред 4 години беа одбиени 4 од кандидатите на претседателот Ахмадинеџад. Ако овој кабинет не биде прифатен, претседателот на Иран ќе добие доплнителни 3 месеци да поднесе нова листа.