Состанок за пренесување на Избирачкиот список во ДИК

Координативното тело за спроведување на активностите за преземање на Избирачкиот список од Министерството за правда во Државната изборна комисија, денеска ќе одржи состанок на кој треба да донесе Акционен план за пренесување на Избирачкиот список. Државната изборна комисија и Министерството за правда ги имаат усогласено сите детали за преземање на околу 75 лица од подрачните одделенија на Министерството за правда кои вршат работи и задачи поврзани со евиденција на избирачкото право.