Македонската полиција денеска приведе уште 20 полицајци од граничниот премин Табановце, осомничени за примање поткуп. Претходно, на истиот граничен премин беа упасени 22-ца полицајци, исто така за поткуп. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска изјави дека организатори и на двете криминални групи биле раководителите на смени, кои по завршувањето на смените ги делеле собраните пари.