Борби во долината Сват во Пакистан

Пакистанската војска соопшти дека во денешните судири во долината Сват убила најмалку 30 талибанци. Во вчерашниот самоубиствен напад во Сват загинаа 17 полициски регрути. До овој напад дојде откако војската соопшти дека уништила еден камп за обука на бомбаши самоубијци.