Почина авторот на химните на Советскиот сојуз и на Русија

Почина авторот на химните на Советскиот сојуз и на Русија. Поетот Сергеј Михалков почина на 96 години. Првата химна на Михалков го величеше диктаторот Јосиф Сталин, но во 1977 година ги промени стиховите и наместо на Сталин, величењето се однесуваше на Ленин. По падот на комунизмот во 1991 година, химната беше повлечена. Сепак, во 2000 година тогашниот претседател Владимир Путин ја врати старата мелодија и побара од Михалков да напише нови стихови.
Сергеј Михалков е татко на познатиот руски режисер Никита Михалков.