Бомбашки напад во Чеченија, убиени 3 полицајци

Во Чеченија, бомбаш самоубиец убил најмалку тројца полицајци, изјави чеченскиот министер за внатрешни работи Руслан Алханов, прецизирајќи дека до нападот дошло во едно село во близина на главниот град Грозни. Ова е најнов во серијата напади врз силите за безбедност во регионот на Северен Кавказ во изминативе неколку недели. Вчера рускиот премиер Владимир Путин ненадејно престојуваше во Чеченија на разговори со претседателот Рамзан Кадиров.