Прогноза за времето денеска- попладне разведрување

Времето во претпладневните часови ќе биде променливо облачно со слаби врнежи од дожд и грмежи особено во источните делови. Во поладневните часови ќе се намалува облачноста и врнежите ќе престанат. Утринската температура се движи од 12 до 19, а дневната ќе биде од 24 до 30 степени. Во Скопје и околината во раните претпладневи часови ќе биде променливо облачно, а во текот на денот ќе се намалува облачноста. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 30 степени.