Пожарите предизвикаа вонредна состојба во Атина

Владата на Грција прогласи вонредна состојба, откако големиот шумски пожар во реонот на Атина се прошири.
Над грчката престолнина има големи облаци чад, а три села се евакуирани, пренесува МИА.
Пожарот избувна синоќа во селото Граматико на околу 40 километри од Атина.