Ексминистерот за внатрешни работи на босанските Срби пред Хашкиот суд

Судењето на воени злосторства и злосторства против човештвото на поранешниот министер за внатрешни работи на босанските Срби Миќо Станишиќ ќе почне на 14 септември, одлучи Хашкиот суд. Заедно со Станишиќ му се суди и на поранешниот шеф на полицијата на босанските Срби, Стојан Жупљанин.
Двајцата се изјаснија како невини по обвинувањата за мачење, убиство и депортирање на босански муслимани и Хрвати, во периодот од 1992 до 1995 година.