Чешка ќе испрати уште војници на Косово

Чешка се подготвува до 2010-та година да испрати најмалку уште 100 војници на Косово, во рамките на мисијата КФОР. Точниот број војници кои ќе бидат испратени зависи од одлуката на НАТО алијансата, која сака дел од своите војници да повлече, но и од безбедносната ситуација на Косово, велат од чешкото министерство за одбрана. Чешка во моментов на Косово има 550 војници.