Денеска ќе се одреди датумот за почеток на процесот против Караџиќ

Пред Хашкиот трибунал денеска ќе биде одржана статусна конференција на која ќе се одреди датумот за почнување на судскиот процес против поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ. Тој е обвинет за воен геноцид против човештвото направен за време на војната во Босна и Херцеговина во периодот од 1992- 1995 година.