Израелски војник ранил египетски полицаец

Израелската армија соопштува дека нивен војник, по грешка, пукал и ранил египетски полицаец на границата меѓу двете земји. Портпаролката на армијата вели дека израелските војници биле на рутинска патрола во близина на пристанишниот град Елијат. Војниците виделе вооружен човек како влегува во Израел и сметале дека е тоа е сомнително. Таа вели дека војниците го повикале човекот и пукале во него откако тој ја откочил пушката.
Египетските власти соопштуваат дека полицаецот е однесен во болница, со прострелна рана во градите.
Инцидентите меѓу изреалеските и египетски безбедносни сили, на граничната линија, се случуваат ретко, по потпишувањето на мировниот договор од 1979 година.