Фудбалски хулигани предизвикаа нереди

Инциденти меѓу фудбалските хулигани и жителите на Нерези

Жители на населбата Нерези се судрија со група навивачи на Вардар по завршувањето на натпреварот меѓу Македонија Ѓорче Петров и Вардар кој се одигра на стадионот во населбата Ѓорче Петров.Локалните жители гневни поради нападите врз нивните соседи и домови од страна на „Комитите“ пред натпреварот, разменуваа камења со навивачите по завршувањето на фудбалскиот натпревар. Пристигнувањето на полициските специјалци спречи да дојде до контакт и поголем судир меѓу двете групи.

Претходно дел од навивачите на фудбалскиот клуб Вардар попладнето предизвикаа инцидент, пред натпреварот на Вардар со
Инцидент предизвикан од фудбалските хулигани
Македонија Ѓорче Петров. Хулиганите, со обележја на навивачката група Комити, со камења ги нападнале жителите на населбата Нерези, претежно Албанци, а каменувале и возила. Македонските медиуми јавуваат дека четворица луѓе се потешко, а десетина полесно повредени. Очевидци велат дека толпата, дури и влегувала во домовите на луѓето, за да ги нападнат. Според полицијата, епилогот од нередите се тројца полесно повредени граѓани и четири искршени автомобили. Инцидентот се случил околу 15 часот, а нарушувањето на јавниот ред и мир го пријавиле во полиција граѓани. Лицата кои се здобиле со телесни повреди се пренесени за укажување лекарска помош во Ургентниот центар во Скопје. Од страна на МВР се преземаат мерки за утврдување и пронаоѓање на нарушителите на јавниот ред и мир по што против истите ќе следува соодветен поднесок. Досега во врска со овој случај во подрачната полициска станица се извршени разговори со десетина лица. Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски изјави дека е изненаден од инцидентот поради одличните меѓуетнички односи во општината. Според Јакимовски, полицијата била должна да ја обезбедува толпата и треба да се одговорни од МВР.