Разрешен генералниот секретар на ФФМ

На вчерашната итна седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија од функцијата е разрешен генералниот секретар Никола Костов. Како главна забелешка се наведени пропустите во организацијата на приjателскиот натпревар со Шпанија и пред се продажбата на влезните билети за овој меч. До изборот на нов генерален секретар, оваа функција ќе ја извршува Игор Климпер.