Ирачката гарда - ограбувачи на банки

Пет члена на ирачката претседателска гарда ќе бидат изведени на суд за десетина денови, под обвинение дека учестувале во грабежот на банка во Багдад. Во грабежот од 28 јули, загинаа осум членови на обезбедувањето, а ограбувачите си заминаа со плен од 6,9 милиони долари, во ирачки динари. Има налог за апсење на уште тројца членови на претседателската гарда.
Ирачките власти, за нападот, прво ги обвинуваа бунтовнисите, но потоа соопштија дека грабежот е чисто криминален акт, што не е поврзан со ни една бунтовничка група.