60 години од потпишувањето на Женевските конвенции

Се обележуваат 60 години од потпишувањето на Женевските конвенции. Тоа се меѓународни закони кои се однесуваат на правилата на војување. Четирите конвенции потпишани во 1949 имаат за цел да ги заштитат цивилите, заробениците, ранетите и хуманитарните работници за време на вооружени конфликти. Конвенциите се ратификувани од 194 земји.